Tuesday, September 6, 2011

Револуција преку ноќ

Револуција преку ноќ

Полноќ...
Долга широка улица
Како да проаѓа
Низ поларни светлини и малку магла.
Во црна стаклено-пластична кутија
Зелена стаклена пукнатина ко портал,
Свети со зелена светлина...
Излегуваат...
Зелени борци два по два одат
На црно белиот асвалт со
Широки чекори бурни
Тешки зелени чизми носат...
Гледаш... Слушаш....
Се е некако морбидно хармонично...
А луѓето околу ко да кријат нешто во очите
Со испотени длаки и чела
Во креветот спијат како да се
Должни да го сторат токму тоа.
Како и тие да учествуваат...

Јас...?
А јас проклето Црвено
Ко да горам,
Стојам ко предавник
Како правило кое постои
За да се прекрши
Дарувајки анархистичко
Револуционерна снага...
Но не... Не е така знам...
Се е над нашите разбирања
Во оваа страшна ноќ
Крајно збунет полн со бес
Стискајки си ги забите
Kријам во чизмите црвени
Црвени искуствa и желби...

Одеднаш
Тежок молк... Отежна и здив
Гледам зелената светлина
На пешадијата исчезнува
Претварајќи се во бледа топка
Во смеша од магла и поларна светлина...

Тихи две стапки! Молк
Ко исчекување некое
Пристигна тој!
Слушам се ближи нешто, некој...
Гледам взјасан во црвен труп
Гордо стои, гори црвено.

Црвениот блесок се
Намалува ко да се лади.
Почнува да чекори..

Генерал на црвена пешадија!
Како глас пролете низ глава.
Го гледам....
Целиот проклето црвен, горд буден и спор
Црвени оловни чизми
Остават зад себе црвен траг
Низ молкот остава страв
Во коските на толпата која спие
Плукајќи црвена смрт од очи.
Со поглед на асвалт поминува
Недалеку од мене...
Гаволска снага
Исплашен погледнав
Ме погледва во чизми
Промрмори со дебел глас но тихо
Зар постои ѓавол или
Тоа е само моќта во нас.





ПОТЕНЦИЈАЛ




Клацкајте ги силно!
Нека се пролее од колевката
Гордоста и честта на подот
Од нечисти стапки до крај.
Цврсто натегнете ја
Фамозната фараонска
Повивка со нежен мирис,
Дар на бога е сепак нека се знае!
Натегнете ја силно!

Крадете го немирот на
Малите луцидни души.
Убијте сила зашеметувајќи
Умови кои ЛЕСНО се уриваат и тонат
Под бран ТЕШКИ страотни сништа-
Со лош мирис во ноздрите на лошо сварен
Бел сок на јадри жлезди,
На некој нов остров повторно се будат.

И повторно секојдневен  дено-ноќен плач
“Од нејасна причина“
Пораѓа експеримент од
ЗАМОРЕНИ зрели умови.
Децата со помисла дека се дојат
Од боските на своите мајки,
Шмукаат парче гума
Збунето од гладта која неможе
Да се напои - која само расне и гнои.
Целиот живот овој народ
Живее со ист гној на душа.
Парче тело за парче леб
Или за само неколку
Футуристички сретстства умира.
Ни дадоа сé што посакавме
Додека не знаевме да говориме.
Сега како да се нема што да се посака?
Или веќе нашите усни служат само да
Посакат она што другите некогаш
Го посакувале и го посакуваат.
Одамна нашите усни ја изгубија
Врската со нашиот ум.

Премногу екстемно се живее.
Овој свет премногу ме дави.
Мојот глад премногу гнои за нешто
Многу поразлично од сите други.
Можеби е само желба да се поврати
Таа гнасотија која се суши, лушти
И повторно обновува.

Во четири години углавениот
Мој живот се трудам сосема
Да го отфрлам правејќи сé
Спротивно од она што нејасно
Ќе го посакам, со нејасен страст.

Отварам очи.
Повторно на некој нов остров се будам
Посакувајќи веќе да не тонам.
Знаејќи сосема јасно зошто
Токму тоа го посакувам.