Tuesday, September 6, 2011

ПОТЕНЦИЈАЛ




Клацкајте ги силно!
Нека се пролее од колевката
Гордоста и честта на подот
Од нечисти стапки до крај.
Цврсто натегнете ја
Фамозната фараонска
Повивка со нежен мирис,
Дар на бога е сепак нека се знае!
Натегнете ја силно!

Крадете го немирот на
Малите луцидни души.
Убијте сила зашеметувајќи
Умови кои ЛЕСНО се уриваат и тонат
Под бран ТЕШКИ страотни сништа-
Со лош мирис во ноздрите на лошо сварен
Бел сок на јадри жлезди,
На некој нов остров повторно се будат.

И повторно секојдневен  дено-ноќен плач
“Од нејасна причина“
Пораѓа експеримент од
ЗАМОРЕНИ зрели умови.
Децата со помисла дека се дојат
Од боските на своите мајки,
Шмукаат парче гума
Збунето од гладта која неможе
Да се напои - која само расне и гнои.
Целиот живот овој народ
Живее со ист гној на душа.
Парче тело за парче леб
Или за само неколку
Футуристички сретстства умира.
Ни дадоа сé што посакавме
Додека не знаевме да говориме.
Сега како да се нема што да се посака?
Или веќе нашите усни служат само да
Посакат она што другите некогаш
Го посакувале и го посакуваат.
Одамна нашите усни ја изгубија
Врската со нашиот ум.

Премногу екстемно се живее.
Овој свет премногу ме дави.
Мојот глад премногу гнои за нешто
Многу поразлично од сите други.
Можеби е само желба да се поврати
Таа гнасотија која се суши, лушти
И повторно обновува.

Во четири години углавениот
Мој живот се трудам сосема
Да го отфрлам правејќи сé
Спротивно од она што нејасно
Ќе го посакам, со нејасен страст.

Отварам очи.
Повторно на некој нов остров се будам
Посакувајќи веќе да не тонам.
Знаејќи сосема јасно зошто
Токму тоа го посакувам.


No comments:

Post a Comment